Изминатиот викенд во Крива Паланка, се одржаа натпреварите од турнирот Телеком мастерс 2026 за јуниори до 19 години. Особено интересна беше машката конкуренција, каде што одличен настап имаше прилепчанецот Мартин Ристески од ППК Полиоспорт.
Иако има само 15 години и настапуваше против ривали постари и до четири години, Ристески успеа да стигне до одличното трето место.
Победник во оваа категорија е Александар Јакимовски од ППК Крива Паланка, второто место му припадна на Лука Стојчев од ППК Астраион, трет е Ристески, додека четвртото место го освои Дарко Китановски од ППК Пелагонија.
Новата сезона штотуку започна, а претстои возбудлива борба за што подобри пласмани на претстојните натпревари.
























