Прилепчанец кој долго време живее во Германија и’ одговори на македонската Влада за барањето на донација кое го добил

Генералниот конзулат на Република Македонија во Минхен испратил апел до тамошната македонска дијаспора да донира парични средства кои ќе бидат наменети за заштита на сограѓаните во Македонија од корона вирусот.

Од конзулатот информираат дека за таа цел Министерството за здравство има отворено единствена сметка каде може да се уплатуваат средства кои ќе бидат искористени за набавка на стоки, добра и услуги кои се потребни.

Апелот е упатен до сите граѓани кои живеат и работат во сојузните покраини Баварија и Бадерн Виртенберг, а се подготвени да придонесат за надминување на состојбата со корна вирусот и заштита на населението во татковината, стои во апелот за донации.

Александар Бузлески од Прилеп кој долго време работи и живее во Минхен е еден од поистакнатите нашинци во Германија.

Тој исто така го добил дописот од конзулатот, па на конзулот Реџеп Демири му одговори со Фејсбук статус:

“Почитуван наш конзул и сограѓанину Rexhep Demiri

Со оглед на тоа дека меѓу останатите 20 организации и лица во Германија, сте ме удостоиле лично да ми се обратите со официјален апел за донации, еве и јас да Ве удостојам јавно да ви се заблагодарам на честа, и воедно јавно да Ве прашам:

-Каде бевте кога го блокиравме центарот на Франкфурт и демонстриравме против договорот од Нивици?

-Каде бевте кога го блокиравме Бон и демонстриравме против договорот од Нивици?

-Каде бевте кога владата која Ви ја дала таа функција ја сатанизираше дијаспората?

-Каде бевте кога флагрантно пробаа да ни го одземат правото на глас на претстојните вонредни парламентарни избори? ……

Иначе ние секогаш сме помагале и ќе помагаме, но само директно на оние кои насушно имаат потреба од помош…

Како да донираме на сметка со која раководат недомаќини?

Поздрав и убава вечер наш сограѓанину…”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.