СВР Битола поднесе кривична пријава против О.П.(47) од Прилеп, И.Н.(45) и А.Г.(35), двајцата од село Крушеани, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 30.01.2023 во казино во Битола, пријавените физички нападнале вработен во казиното – информираат од СВР Битола.