За прв пат откако е откриена, македонска спелонуркачка експедиција влезе во пештерата “Изворот на Бабуна” која се наоѓа на Солунска Глава.
Пештерата се наоѓа на околу 1400 метри надморска височина, а истата е откриена во 1968 година од страна на друштвото “Пеони”.
Oткако е откриена досега ја истражувале само странски експедиции, а сега за прв пат во пештерата влезе и македонска експедиција.
Во пештерата се откриени и 3 подземни езера, но каналите воделе уште подлабоко. Експедицијата била составена од 6 члена, а до подводните езера нурнале само двајца, Дарко Неданоски од Прилеп и Гоце Димитриевски од клубот “Врело” од Скопје.
Нивната експедиција траела цели 6 часа. Според Неданоски, кој е претседател на Спелеолошката Федерација на Македонија, второто езеро во Изворот на Бабуна е со должина од околу 1,5 километри, што претставува голема количина на вода.
Планираат во иднина да направат уште поголема експедиција, со цел да истражат уште повеќе и да придонесат за науката и државата.
Неданоски раскажува дека температурата на водата била само 5 степени, па постојано морале да бидат во движење. Тој вели дека овие езера се голем природен ресурс и дека допрва треба да се истражува и анализира.
Секоја чест за храброста и пожртвуваноста!