Прилепчанецот Димитар Андоноски е дел од најдобриот македонски тим во играта Counter Strike Global Offensive.
Tимот “Levelone” во кој покрај Димитар (NVD) членуваат и Анел Цековиќ (NENO), Семих Камил (osama), Јован Деребаноски (N1GHTMARE) и Кристијан Куковски (KiLLerA), растура низ Балканот.
Денес дечките патуваат за Приштина, каде утре со почеток од 10:00 часот ќе одиграат полуфинале на балканскиот турнир против домашната екипа “Кosova5 Team”.
Доколку утре победат, во недела ќе учествуваат во големото финале, за кое е обезбеден live stream пренос со коментар на англиски јазик.
Од 16 тимови, од кои 15 се од Косово, нашите момци го освоија првото место во нивната група и стигнаат до завршните два меча.
Им посакуваме среќа и очекуваме радосни вести од Приштина.