Прилепчанец дел од големата НАТО вежба во Бугарија (ФОТО)

Од 7 до 12 септември 2025 година, во професионалниот тренинг центар за итен одговор во Монтана се одржува една од најголемите и најкомплексни светски вежби за справување со итни ситуации, организирана од НАТО и Бугарија.

На вежбата учествуваат околу 1200 претставници од повеќе од 40 земји и организации. Настанот има за цел размена на знаења, искуства и добри практики во управувањето со кризи.

Програмата опфаќа повеќе сценарија, меѓу кои:

  • Урбано пребарување и спасување од урнатини

  • Пребарување и спасување во води

  • Итни медицински тимови (ЕМТ)

  • Хемиска, биолошка, радиолошка и нуклеарна заштита (CBRN)

  • Заштита на културното наследство

Дел од вежбата на НАТО е и прилепчанецот Дарко Неданоски, еден од најдобрите спасувачи кои ги има Македонија во моментов. Неданоски е дал од Тимот за урбано и рурално пребарување и спасување на Републичкиот тим за брз одговор, кој функционира при Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Овој тим веќе безброј пати се има докажано во реални ситуации, спасувајќи голем број животи во разни животозагрозувачки ситуации.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.