Златен и сребрен накит, револвер марка „Тулумбар“, муниција, стар пиштол „Тулумбар“ и ловечки нож, се украдени вчера од куќа во Прилеп.
Како што соопшти полицијата, сторителот со прескокнување на оградата влегол во дворното место од куќата, сопственост на Б.П. (66), на улицата „5-та Прилепска“, насилно ја отворил влезната врата, влегол, ги пребарал просториите и откако ги одзел наведените предмети, избегал.
Полициската станица – Прилеп презема мерки за негово пронаоѓање и за целосно расчистување на случајот.