Прилепчанец втора година по ред во друштво на најголемите ракометни имиња: Соколески меѓу тренерите на кампот за голмани во Омиш

Во хрватскиот град Омиш и ова лето, по 14-ти пат се одржува кампот на ракометни голмани, а дел од истиот повторно е Ице Соколески од Прилеп.

Тренерот на голманите во Еурофарм Пелистер втор пат по ред е дел од кампот, а таму е во друштво со Дино Шпиранец и Драган Јерковиќ, кои работат во Магдебург и Рајн Некар Левен.

Негова задача е да го пренесе знаењето и ракометните “тајни” на голем број млади таленти од целиот свет.

Дел од кампот се уште и: Марин Шего, Виктор Халгримсон, Маиса Песоа, како и Филип Ивиќ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.