Цене Маџуни, 40-годишна прилепчанка живее со својот 8-годишен син Емил и 75-годишната мајка Драгица во општествен стан во поткровје од триесетина квадрати.
Немаштијата и тешката судбина си поиграла со овие луѓе, па освен што крпат крај со крај, сите тројца имаат сериозни здравствени проблеми, па пензијата на Драгица од 6000 денари не стасува ниту за лекарствата.
Малиот Емил има сериозна аномалија на срцето, а мајката Драгица е тешко подвижна и не може сама да си ги извршува своите физиолошки потреби.
Со години немаат електрична енргија, во купатилото немаат бојлер, а хигиената ја одржуваат со затоплување вода во пластични шишиња.
Со солзи во очите Цене раскажува дека често пати пита пред црквите со цел да донесе корка леб во домот.
Најжалосно од се’ е што институциите се неми и глуви за агонијата низ која поминува ова семејство. Цене пред камерата на “Алфа TВ” вели дека досега била одбиена за се’.
Разочарана и очајна, Цене сега се надева на хуманоста на луѓето, и моли за секаков вид помош, од храна до облека, но, најбитно од се им е, како што вели, да дојдат до некој социјален стан, кој би бил на приземје како би им било полесно движењето и на нејзината мајка, а и на синчето Емил.
ЦЕЛАТА ВИДЕО СТОРИЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ТУКА