Прилеп и прилепскиот регион се надеваат дека следната сезона ќе добијат уште еден фудбалски второлигаш. Покрај Победа, сега и Големо Коњари има шанса да влезе во Втората лига, а последна пречка на патот им е екипата на Тетекс.
ФК Големо Коњари беше првак во Третата лига – Југ, а Тетекс со само еден пораз ја освои Третата лига – Запад. Бараж дуелот помеѓу двете екипи се игра во сабота, 24.05. со почеток од 17 часот, на стадионот во Ѓорче Петров.
Екипата од прилепско најави дека ќе носи и навивачи на овој дуел, па секој кој сака да ги бодри треба да се пријави навреме на тел.бр:
075 200 488
Цената на повратна карта за утакмицата во Скопје е 400 денари!