IGOR-Trips и David kay, прилепското DJ дуо ќе биде екстра загревање на годинешниот Skopje Calling фестивал, каде како главни ѕвезди ќе настапат David Guetta I Robin Shulz.
Овие двајца DJ-и веќе неколку години се наоѓаат на врвот на македонската електронска сцена и се најдоброто што Македонија може да го понуди од електронската музика.
Го креваа на нозе Прилеп, а сега со нивниот ритам се забавува цела Македонија.
За напомена е и тоа дека пред една година овие двајца прилепчани се одбрани како заштитни лица за кампањата на Tuborg.