Џудисти на ЏК Пролетер Прилеп, изминатиот викенд имаа прилика да земат учество на два Меѓународни Турнири кои се оддржаа во Белрад.
Во саботата 23.4.2016, се оддржа масовниот турнир “Трофеј на Београд” за 2016 година, со 450 натпреварувачи во кадетска и јуниорска конкуренција, а во неделата на 24.4.2016, се оддржа Меѓународниот џудо турнир “Срѓан Јанковиќ”, со пoвеќе од 700 натпреварувачи во пионерска конкуренцја. Ова беше вистинска прилика нашите такмичари да ја проверат својата форма и знаење. На двата турнири учество зедоја екипи од Романија, Црна Гора, БиХ, Косово, Буарија и домаќинот Србија. Пролетер на двата турнири настапи со вкупно 13 натпреварувачи и освои две сребрени и две бронзени медаљи.
И покрај силната конкуренција и 4 репасажни борби за бронзен медал, на пиедесталот успеаа да застанат Димеска Теодора, Самарџиоска Марија- сребрени медали, Спиркоски Давид, Георгиоски Јорданчо – бронзени медали.