ФОТО: Сашо Бошкоски
Прилепскиот Карневал не може да се замисли без Прилепските Мечкари. Од рано изутрина тие одново ги разбудија улиците и го означија почетокот на Карневалот Прочка.
Откако прошетаа по домовите на прилепските касапи, се упатија во центарот на градот, каде со нивната игра беа центар на внимание.
Посетителите на карневалот се фотографираа и ги поздравија со аплаузи.
Фотографиите во продолжение се дело на фотографот Сашо Бошкоски.