Прилепските земјоделци на протест – домашната пченица скапува по амбарите, а државата откупува српска (ВИДЕО)

Додека македонската пченица скапува по амбарите, државата за стокови резерви откупува српска пченица по 13,5 денари од килограм. Ова е срамота !

Со ваков став на денеска на мирен протест пред силосите за стокови резерви излегоа земјоделците од прилепско кои велат дека можеби 40% од минатата реколта земјоделците ги немаат продадено бидејќи цената на пченицата била од 7 до 8 денари за килограм.

А сега српската пченица се откупувала по скоро двојно повисока цена – објави порталот “Инфо Компас”.

ВИДЕО: “Инфо Компас”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.