Прилепските гимназијалци Тамара Спасевска и Никола Димовски изработија одличен документарен филм за Денот на независноста (Видео)

Илинден 1903, АСНОМ 1944 и референдумот од осми септември 1991 година, се најсветлите настани од македонската историја со кои се создаваше македонската државност, се остваруваше сонот на многу македонски генерации.

Независна македонска држава, беше идеал на илинденците, на партизаните, на сите македонски патриоти, на сите кои си ја сакаат татковината, на сите кои си ја сакаат Македонија.

Македонскиот сон за своја самостојна држава се оствари токму на осми септември 1991 година, кога со референдум граѓаните на Македонија го избраа патот на самостојноста и независноста.

Во чест на Денот на независноста, учениците oд прилепската гимназија “Мирче Ацев”, Тамара Спасевска и Никола Димовски, под менторство на професорот Кире Николоски, изработија краток документарен видео запис за историските случувања, за референдумот и значењето на овој голем празник.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.