Прилепските гимназијалци ставија маски и излегоа на пpoтecт: “И нас ни смета” (ФОТО)

Средношколците од СОУ Гимназија “Мирче Ацев” од Прилеп, се приклучија на протестот против аерозагадувањето наречен “Зелена револуција”.

Учениците останаа на настава, но го искажаа својот револт носејќи заштитни маски со порака “И нас ни смета”.

-Аерозагадувањето е сериозен проблем за кој мора да се преземе нешто во најскоро време – велат учениците од прилепската гимназија.

Учениците биле поддржани и од дел од наставниците и директорот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.