Прилепските гимназијалци победници на натпреварот за вселената

На 15 jуни, во ООУ „Кочо Рацин“ во Прилеп се одржа 4-тиот Хакатон од Првата Национална Олимпијада за Вселената. Организатори на истиот се ЊуМенс Бизнис Акцелератор и Фондацијата Голдилокс со поддршка на Американската Амбасада. Хакатонот се одржува по повод 10-годишниот јубилеј на хакатонот NASA Space Apps Challenge. Тоа е STEM натпревар во знаење и креативност за основци и средношколци.

Тимот „Team Intelligence“ од Гимназијата „Мирче Ацев“, во кој се учениците: Софија Настоска од I-6, Георги Николоски од I-4 и Никола Бонески од III-8, под менторство на професорката по физика Марина Попоска, во категоријата средношколци, го освои I (првото место).

Тимот учествуваше со сопствена изработка – Патување од Земјата до Марс со макета, едукативен и забавен стрип и сопствена презентација со анимација, видео и квиз тест кој присутните можеа да го решаваат преку QR код на екранот.

На секој од учениците им беа доделени и златни медали, што им ги врачи градоначалникот на Општина Прилеп д-р Борче Јовчески.

По одличните оценки од страна на комисијата за изработката и презентацијата, тимот го освои првото место и си обезбеди учество на финалниот настан на средината на Септември оваа година, што ќе се одржи во Скопје, кога за прв пат ќе бидат лансирани 2 метео балони Ballon SAT кои ќе летаат во земјината атмосфера до почетокот на вселената, а ќе бидат опремени со сензори и експерименти направени од победниците на регионалните натпревари.

На Софија, Георги и Никола, на професорката Марина и на нашето училиште СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ им беа доделени сертификати за успешно учество.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.