Прилепските гимназијалци освојувачи на медали и признанија од Олимпијади, беа на прием кај претседателката Силјановска Давкова (ФОТО)

На 16.9.2024 година во претседателскиот кабинет се одржа прием на македонските учесници на научните олимпијади. Меѓу најуспешните беа и прилепските гимназијалци – олимпијците Петар Мирчевски, Ивана Атанасоска и Благој Рујаноски – Стојановски, кои успешно ја претставија гимназијата, Прилеп и Македонија на овие големи светски натпреварувања.

Претседателката и министерката за образование и наука им се обратија на учениците посакувајќи им уште поголеми успеси во иднина и ветувајќи дека ќе се обрне повеќе внимание на учесниците на научните олимпијади.

За потсетување:

Петар Мирчевски освои сребрен медал на Светската олимпијадата по хемија во Ријад, Саудиска Арабија.

Ивана Атанасоска во Пекинг, Кина, освои два бронзени медали на Светската олимпијадата по геонауки

Благој Рујаноски – Стојановски доби пофалница на Светската олимпијадата по информатика што се одржа во Александрија, Египет

Училишни ментори на учениците им се Блаже Димески – професор по хемија, Виолета Проскоска Велкоска- – професорка по географија и Анета Стојческа – професорка по информатика.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.