Во финалниот настан на едукативната активност „Имам став”, која се одржа на 02.05.2023 во салата „Борис Трајковски” во Собранието на Република Македонија, гимназијалците од “Mирче Ацев” Прилеп постигнаа голем успех освојуваќи го второто место.
За овој висок пласман заслугите им припаѓаат на учениците: Андреј Андреески, Марио Пеливаноски, Филип Тренкоски, Филип Станкоски, Стефани Стојческа, Димитар Зердески, Андреј Зојчески, Михаил Аризанкоски, Стефанија Ацеска, Маја Марија Богдан, Никола Бонески, Дино Апостолоски, Иван Здравески, Ангела Чупетреска, Јана Кокароска, Даниел Мирчески, Златко Марковски, Филип Темелкоски, Деспина Спасеска и Благојче Златески, под менторство на професорите по социологија Снежана Тодорческа и Натали Којев.
Во рамките на оваа сезона на активноста учествуваа вкупно 336 учесници од десет средни училишта од државата. Училиштата се натпреваруваа меѓусебно симулирајќи пленарна расправа на Собранието. Дебатите ги оценуваше жири – комисија составена од пратеници и вработени во Парламентарниот институт. Вкупно 24 различни пратеници беа дел од активноста.
Целта на одржување на оваа едукативна активност е приближување на работата на Собранието на Република Македонија и процесот на донесување на закони до младата популација.