Иако во Прилеп – а сè почесто и пошироко – ретко кој не слушнал за семејната винарија Сарика, сепак вреди уште еднаш да ја раскажеме нивната убава приказна.
Лозјето на Сарика се наоѓа токму на теренот по кој винаријата го носи своето име – Сарика, на 730 метри надморска височина. Уникатната клима, прилепското сонце и огромната посветеност на Гоце се тајната формула за нивните препознатливи вина.
Ова е винарија со историја – повеќе од 80 години традиција, три генерации Станоески кои со љубов и упорност ја градат денешната вредност на секое шише.
За квалитетот не мора многу да зборуваме – зборуваат наградите, а кога наградите се во прашање, “САРИКА” го освои саемот во Белград – Wine Vision by Open Balkan, каде прилепските вински брендови се закитија со седум медали, и тоа:
– ЗЛАТО за Вранец 2023
– Сребро за Вранец 2022 и Прокупец 2024
– Бронза за Прокупец 2023, Пловдина 2024, Сарика бело 2023 и Жупјанка 2024
Нам ни останува да им честитаме и да им посакаме уште поголеми успеси во иднина!
























