Во организација на МВК Велес, викендов на 18 и 19.06, од локалитетот Стоби се возеа две велосипедски трки во друмски велосипедизам.
Прилепскиот велосипедски клуб “Илинден”, освен со стандардните Андреј Маџоски и Константин Костоски, кои оваа сезона почнаа со натапи во повисоки категории, настапи уште со двајцата нови велосипедисти, Младен Петрески и Стефан Маџоски.
На Државното првенство – хронометар, кое се одржа на 18.06, Андреј Маџоски во категорија кадети освои второ место, а Константин Костоски во категорија до 15 години го освои првото место.
Прво место освои и Стефан Маџоски во категорија до 13 години, а Младен Петрески заврши во првите 10 до 15 години.
Наредниот ден (19.06) на Државното друмско првенство, Константин Костоски освои уште едно прво место, што е негова деветта победа во низа (од септември 2019г.)
Андреј Маџоски кај кадетите беше трет, а Стефан Маџоски освои уште едно прво место кај натпреварувачите до 13 години. Младен Петрески повторно се пласираше во првите 10.
Следната трка е Трофеј Кичево, која е закажана за 28.07.2021.