Организацијата на Борци од Прилеп, градот Херој, градот кој дал најмногу жртви и Народни херои за време на НОБ, без конкретен став околу тоа дека Владата планира одлуките на АСНОМ да се отфрлаат од Преамбулата на Уставот, а истите да бидат заменети со Прогласот на АСНОМ.
Борците на Денот на ослободувањето на Прилеп, рекоа дека не сакаат да ги коментираат политичките одлуки, туку само порачаа дека придобивките на АСНОМ требало да бидат зачувани во Уставот – објави порталот “Инфо Компас”.
„Јас не би навлегувал во тие сфери, но секако мислам дека во Уставот треба да се почитува НОБ и придобивките на АСНОМ. Ние секогаш сме се чувствувале како Македонци и така ќе се чувствуваме. И во бившите режими и еден и друг, секогаш сум се чувствувал како Македонец, ниту Бугарин, ниту Србин, туку само како Македонец“, рече меѓу другото Круме Соколоски, претседател на организација на борци во Прилеп.
„Се наоѓаме пред еден значаен споменик, Могила на непобедените, каде се наоѓаат останките на многу наши сограѓани и многу наши блиски кои ги дадоа своите животи за оваа слобода. Ние повозрасните се сеќаваме на настаните од 1944 година за конечното ослободување на Прилеп, кога се водеа жестоки битки меѓу партизанските единици веќе формирани во бригади, со германските војски. Во тие борби, храбро загинаа повеќе од 230 партизани. Како прилепчани, треба да сме горди што нашиот Град Херој ги почитува овие револуционерни традиции, а и младите генерации треба да бидат воспитувани во револуционерен дух, почитувајќи ги идеите на партизаните“, додаде Соколоски.
ФОТО: “www.infokompas.com.mk”