Прилепските боксери рамо до рамо со светските: Трајче Илиоски од БК “AС” со одличен резултат во Врбас

Од 16 до 19 август се одржува вториот по ред интернационален турнир за јуниори во Врбас Србија. Овој турнир се смета за еден од појаките турнири во Европа, а на него учествуваат натпреварувачи од: Македонија, Англија, Србија, Америка, Русија, Казахстан, Велс, Хрватска и др.

Во репрезентација на Македонската боксерска федерација и член на Боксерскиот клуб “АС” – Прилеп настапи Трајче Илиоски.

Во четврт финалната борба Трајче Илиоски против Jayden Torrane од Велс се бореше равноправно и загуби со поделена одлука на судиите, 3:2.

“Може да се каже дека борбата беше на страна на Трајче. Но, не се жалиме ни правдаме само да кажам дека се носиме со светските боксери. Со труд и досегашното наше искуство се надеваме дека ќе дојдеме до врвот. Ќе дадеме се од себе за следното Европско првенство за кадети, што ќе се одржи во Русија оваа година, Трајче Илиоски да освои медал и достојно да ја представи нашата држава Македонија. Исто како што јас го освоив бронзениот медал на Европското првенство во бокс за кадети во 1997 година”, изјави тренерот на БК “АС”, Дарко Чатлески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.