Во црквата Св. Благовештние денеска се одржа Света Архиерејска Литургија каде што беше одбележан празникот Светите Три Светители (Јован Златоуст, Василиј Велики и Григориј Богослов), познат уште како „Денот на Бакалите“.
Со литургијата чиноначалствуваше митрополитот г. Петар, во сослужение на епископите Климент и Никола и протоереи ставрофорите Никола Грамбозов, Влатко Ристески и Илчо Смилески.
Бакалите, односно трговците и дуќанџиите од Прилеп велат дека овој ден се празнува уште од 1954 година и претставува традиција на прилепскиот еснаф која што верно ја одржуваат низ годините.
После црковната литургија бакалите се збираат на заедничка трпеза и со дружба го одбележувааат својот патрон празник.
За многу години!