Прилепските актери со огромно срце: Претставата “Ништо без Трифолио” во сабота ќе ја играат за Сара од Охрид

Сара боледува од апластична анемија, болест која ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот.

Нејзиното 13-годишно братче Виктор е единствен сроден донатор, кој ќе ѝ донира коскена срцевина. Меѓутоа, за трансплантацијата потребни се над 200.000 евра кои родителите не можат сами да ги обезбедат. Оперативниот зафат планирано е да биде направен на детска клиника во Германија.

Покажете ја вашата хуманост и заедно да ѝ помогнеме на Сара да продолжи да му се радува на животот.

Телефони за донации:
TELEKOM: 143 102
VIP: 143 480
(со секој повик донирате 100 ден.)

Жиро сметка: 200 0015579596 72
Банка: Стопанска банка АД Скопје
Горан Настески

За 15-годишното девојче од Охрид се разбуди цела Македонија, а во хуманитарната акција се вклучија и прилепчани.

Минатата недела прилепчани организираа концерт на кој настапија повеќе локални изведувачи, а на хуманитарниот настан беа собрани 144 652 денари.

Во хуманата мисија за Сара се вклучија и актерите од народниот театар “Војдан Чернодрински” од Прилеп.

Во сабота 10.11.2018, со почеток од 19:30 часот во театарот ќе биде одиграна претставата “Ништо без Трифолио” во режија на Коле Ангеловски.

“ГЛЕДАЈТЕ ПРЕТСТАВА И БИДЕТЕ ХУМАНИ. СО КУПУВАЊЕ НА ВЛЕЗНИЦА ОД 100 ДЕНАРИ НА БИЛЕТАРНИЦАТА ОД ТЕАТАРОТ ПОМОГНЕТЕ И НА САРА. ВЛЕЗНИЦИ НА БИЛЕТАРНИЦАТА ОД ТЕАТАРОТ ОД 10 ДО 13 и ДВА ЧАСА ПРЕД ПОЧЕТОК НА ПРЕТСТАВАТА. РЕЗЕРВАЦИИ НА 076 442 378”, напишаа од театарот “Војдан Чернодрински”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.