Прилепскиот судиски пар ќе ја арбитрира најважната утакмица и со телевизиски пренос

Судискиот пар од Прилеп Седлоски-Ангелески, ќе ја арбитрира најважната утакмица во женската ракометна лига помеѓу екипите на ЖРК Ѓорче Петров и Куманово.

Натпреварот е во рамките од шесттото коло од плеј-оф сегментот и ќе се емитува на МРТВ во сабота со почеток од 15 часот.

Во моментов на табелата ЖРК Ѓорче Петров има максимален учинок во плеј-офот со 5 победи, а Куманово е на второто место со четири победи и еден нерешен резултат.

До крајот на сезоната има уште 9 кола, но се чини дека победникот на овој натпревар ќе биде и фаворит за освојување на шампионската титула во женскиот ракомет кај нас.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.