Прилепскиот Стојанче Стоилов расте и созрева во РК Прилеп: Интервју со Методи Илиески

Ракометниот ген и талентот во неговото семејство не се ништо ново. Методи Илиески е вистински ракометен потенцијал и вистински наследник на Стојанче Стоилов во македонската ракометна репрезентација.

14658408_1305036102842436_612684032_n

Кога се роди љубовта за спортот и зошто баш ракометот стана твој избор ?

Љубовта кон спортот кај мене постои одкога знам за себе. Уште како мал моја единствена играчка беше топката. За изборот на ракометот пресудно беше тоа што во мојата потесна фамилија има две личности кои придонеле за развојот на ракометот во Прилеп, а тоа се: мојот чичко Страшо Илиески и мојата тетка Весна Оханесјан.

Колку ти беше тешко да се навикнеш на спортскиот режим и начин на живот? 

Тешко не беше, јас цело време успевам да се навикнам на тој строг режим и животот ми е насочен кон тоа да успеам и се надевам дека во иднина би ми се исплатило тоа.

Кој е твој мотиватор и поддршка ? На кого го должиш својот напредок ?

Мотиваторот да успеам и поддршка за тоа е моето семејство, моите најблиски, кои секогаш се тука за мене. Мојот напредок го должам на мојот чичко, тетка, тетин, кои цело време, секој од свој аспект, ми кажуваат како да продолжам понатаму, укажувајќи ми на секоја грешка и пофалувајќи ме за секој чекор понатаму.

14694732_1305036539509059_1135070951_n

Настапуваш за екипата на РК Прилеп. Како си задоволен од организацијата во екипата, колкава шанса добиваат младите играчи и какви се перспективите на клубот?

Да бидеш дел од тимот на РК Прилеп е привилегија за секого, а посебно за мене. Секој треба да ја искористи шансата кога им се дава безрезервно, до крај, без разлика дали си повреден, пофален. Доколку се продолжи со ваква стратегија на клубот мислам дека перспективата на клубот се движи во нагорна линија. Во летниот период 2016 настапував за кадетската репрезентација на Македонија со која настапив на Европското првенство во Варна Бугарија, каде што помогнав со моето учество и постагнати три гола, да се дојде до резултатот 4 место.

Ти си млад ракометар и цела кариера е пред тебе. Кои се твоите планови за во иднина, каде се гледаш за 10 години ?

Моите планови за иднината се да студирам и да успеам како спортист, без цена на слободното време кое ќе го нема и за 10 год. Се надевам дека ќе ја искористам секоја шанса која ќе ми биде понудена надевајќи се дека ќе успеам во тоа.

Кој е твојот ракометен идол ?

Ракометен идол ми е Стојанче Стоилов, еден од најзаслужните за ракометните успеси во Македонија.

14694637_1305036086175771_2049016025_n

Како успеваш како млад човек да избалансираш живот на еден спортист со она што е нормалноза еден 18 годишник – излегувања, дружење?

За да го избалансирам животот на еден 18 годишник се откажувам од дружби и излегувања, сето проследено со правилна исхрана, редовен режим и др.

За крај кажи ни кој е патот до успехот според тебе ?

Патот до успехот: упорност, издржливост на се што ќе ти се случува, некогаш горе другпат долу, почитување на тренери, селектори, само така успехот ќе си дојде сам.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.