Прилепскиот ракомет во агонија, згаснаа надежите за плеј-оф: Повторно пораз, обраната без мотиватор!

Ракометарите на Прилеп ги загубија и последните надежи за пласман во плеј-оф разигрувањето во Супер лигата, откако вчера на гостински терен беа поразени од Тиквеш.

Иако избраниците на Божидар Мојсов одиграа солидно прво полувреме, каде во повеќе наврати водеа, кавадарчани одлично ги користеа одбраните на голманот Арсиќ како и најслабата точка кај Прилеп – одбраната, и постојано беа во водство во вториот дел.

Прилеп имаше повеќе шанси да дојде на минус еден гол и да го направи натпреварот неизвесен, но дури пет пати не ги реализираа таквите напади, па Тиквеш стигна полесно од планираното до победа од 30:24.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Кривокапиќ со седум и Коцев со шест погодоци, a по пет дадоа Темелкоски и Анастасовски, додека кај Прилеп се истакнаа Шабановиќ со седум и Квастеск со пет гола. Во следното коло Тиквеш гостува кај Вардар, а Прилеп ќе ја пречека Струга.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.