Прилепскиот новинарски еснаф гневен и на власт и на опозиција

Фејсбук статус на новинарот од Прилеп и дописник на Сител ТВ, Дарко Штаргоски

Денеска повторно дошол министер во Прилеп, поточно министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска која го посетила Центарот за социјална работа и некои семејства во Прилеп, а медиумите и новинарите за оваа посета воопшто не беа известени. Причините остануваат нејасни.

За посетата разбравме од социјалните мрежи и ФБ профилите на функционерите. Плус во меѓувреме ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп си држи некаква прес конференција за посетата на министерката и тие исто така не повикуваат новинари, туку сами си се снимаат и си објавуваат на нивниот ФБ профил.

Ова е втор министер за само 10-тина дена како доаѓа во Прилеп, а не се информираат медиумите за тоа. Претходно, два дена пред Карневалот Прочка, дојде министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска. И тогаш никој не ги извести медиумите.

Очигледно е дека се повторува праксата која што наназад подолг период ја посочуваме, дека ниту на власта, ниту на опозицијата не им се потребни медиумите, прашања не сакаат, доволни им се социјалните мрежи, на кои секој си кажува и си пишува тоа што сака.

Како редакција потенцираме дека Инфо Компас повеќе нема да објавува настани и прес конференции доколку на истите нема да биде повикан. Се надеваме дека на ова ќе ни се приклучат и другите медиуми од Прилеп и дека конечно ќе ставиме крај на ваквиот игнорантски однос кон новинарите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.