Прилепскиот народен тератар “Војдан Чернодрински” одбележа 69 години од своето основање (Фото галерија)

Со прикажувањето на претставата „Пиреј“ од Петре. М. Андреевски, во режија на Љупчо Ѓоргиевски, театарот „Војдан Чернодрински“ одбележа 69 години од своето основање.

Публиката имаше можност да ја проследи извонредната претстава за трагичната судбина на Јон и Велика, досега изведена над десет пати.

„Пиреј“ е вонвременска и потресна приказна за неуништливоста на македонскиот народ и неговото страдање, во која играат Марија Спиркоска Илиjеска, Александар Степанулески, Катерина Чакмакоска Клинческа, Зоран Иваноски, Игор Трпчески, Марјан Чакмакоски, Трајче Иваноски, Најдо Тодески, Даниела Иваноска, Андон Јованоски, Виолета Чакарова, Димитар Вандески, Цветанка Чавлеска, Димитар Ѓорѓиевски, Илија Волчески, Наќе, Димитар Црцороски –Михајло Миленкоски, Александар Тодески, Виктор Мирчески и Давид Папазоски.

Еве како изгледаше преполната сала и претставата на сцената:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.