ПРИЛЕПСКИОТ „КРОСРОУД БЛУЗ БЕНД“ СО НОВ АЛБУМ

13322039_10154268630517082_3863319610250504165_n

На 7 јуни во вторник, 2016 година, „Градските прилепски деца“ Crossroad Blues Band ќе го промовираат својот нов албум со наслов „Градско дете“.

Видео промоцијата ќе започне во 20:00 часот, а ќе се одржи во прилепското кино „Мис Стон“. На албумот се поместени десет композиции, сите со авторско влијание и печат од членовите на бендот. Crossroad Blues Band се проверена и докажана блузерска банда која звучи еднакво моќно и на аудио издание, како и во живо (посебно ова второво – нивните свирки се импресивно доживување), па нема причина да се сомневаме во квалитетот и добрата музика која ќе ни ја понудат со нивното ново издание. „Кросроуд блуз бенд“ од Прилеп неодамна завршија со снимање на својот трет по ред албум насловен како „Градско дете“, кој воедно е и прво издание на македонски јазик. Новиот материјал се состои од девет авторски песни, а се снимаше во прилепското студио „Шило“.

Бендот полека се подготвува и за својата летна турнеја, во чии рамки ќе одржи концерти во повеќе земји од регионот.

Се гледаме таму и тогаш – а дотогаш, уживајте во звуците на блузерската екипа и нивната насловна нумера од новиот албум.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.