Прилепскиот дефанзивец од редовите на Победа Дарко Илиески на проба во Одензе

16681953_1113954888715571_5112562235774197582_n

Младиот 21-годишен дефанзивец на Победа Дарко Илиески веќе неколку дена е на проба во данскиот прволигаш Одензе. Клубот деновиве се врати од подготовките во Шпанија а Илиески од вчера се приклучи на тренинзите на овој познат дански колектив. Тој вечерва од 18 часот ќе настапи на пријателскиот меч што комбиниран тим на Одензе на помошниот терен ќе го игра со второпласираниот тим на западната група на Втората данска лига Мариенлист, додека првотимците генералката ќе ја имаат на 16-тти со второлигашот Коге. За време на подготовките во Шпанија беа одиграни две средби-пораз од Плзен 0-2 и реми со Зенит 1-1.

Одензе е клуб формиран 1887 година со богата историја.Бил 3 пати шампион на Данска (1997, 1982 и 2989 година), 6-кратен вицешампион(1951, 1983, 1993, 2009, 2010 и 2011), а 5 пати го освојувал националниот куп( 1983, 1991, 1993, 2002 и 2007). Цели 50 сезони се натпреварува во Првата лига, а 16 години бил член на Втората лига. На меѓународна сцена најголеми успеси се пласманот во групи во УЕФА Европа лигата во сезоните 2010-2011 и 2011-2012. Во истото натпреварување во сезоната 2009-2010 одигра два натпревари со Работнички кои ги доби 4-3 во Скопје и 3-0 во Одензе.

Сезонава на Одензе му престои грчевита борба за опстанок. По есенската полусезона се наоѓа на претпоследното 13-тто место на табелата на Првата лига(која брои 14 екипи), со 18 бодови. Во првото пролетно коло на 20-тти февруари Одензе ќе го пречека 4-топласираниот Рандерс. Моментно во тимот има 7 странци од Португалија, Ф.Острови, Гана, Нигерија, Брегот на слонова коска, Норвешка и Шведска.

16708424_1113954892048904_1119824418767996893_n

Тренер на екипата е Кент Нилсен чии мислење и отценка сигурно ќе бидат пресудни, заедно со впечатокот што Илиески ќе го остави на вечерашниот меч, околу евентуалната реализација на идниот трансфер. Нилсен е 54-кратен дански репрезентативен десен бек, кој настапувал и за Астон Вила. Како менаџер работел во Архус, Хорсенс(со кој е избран за тренер на годината во 2006-та) и во Брондби, а Одензе го презема во летото 2015-тта година.

-Ние секогаш сме отворени да тестираме и погледнеме млади играчи. Тој е под договор со својот клуб, а ние сме сосема задоволни со централната одбрана. Но, и покрај тоа тестот на Илиески е добро за нас да добиеме инспирација и квалитет повеќе од надвор, изјави за локалните медиуми тренерот Кент Нилсен, пред вечерашниот меч со Мариенлист.
Илиески минатата зима му пристапи на прилепскиот прволигаш, но поради суспензијата од неговиот поранешен клуб Металург дури од летоска можеше да настапува за Победа. Во есенскиот дел на првенството на Првата лига за Победа одигра 1239 минути на 15 натпревари од кои на 13 беше во почетниот состав.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.