Четврт ден доброволци од Прилеп се на терен во расчистување на куќите во населеното место Стајковци, скопско.
Вчера на прилепските тимови им се приклучи и градоначалникот, Марјан Ристески, кој неуморно, заедно со тимовите доброволци од граѓани, работници од јавните комунални претприатија, од АД Тут-Ком, АД Еурокомпозит – Прилеп, протипожарнате единица, ЈП Македонски Шуми – Црн Бор, екипи од Македонија пат – подружница Прилеп, пожртвувано работеа на изнесување на шут, кал, тиња и насобрана вода од поплавените куќи, зафатени од невремето.
Денеска нова тура прилепски доброволци повторно рано утрово заминаа на терен, да помогнат во рачистувањето од поплавите.