И покрај откажувањето на карневалот “Прочка 2020”, прилепчани денеска масовно излегоа во центарот на градот и се забавуваа под маски.
Главна атракција на плоштадот “Методија Андонов – Чентo” беа членовите на здружението “Прилепски прочкари” со кои секој застануваше да се фотографира.
Ова здружение редовно го претставува Прилеп и Македонија на карневалите ширум државата, но и надвор од границите на нашата држава, а неодамна се вратија од карневалот во Долна Коштала во Хрватска.