Прилепската фаланга со бод и повторно во училишна сала ја стартуваше новата сезона во Супер лигата

Ракометарите на РК Прилеп со реми против Пролет ја стартуваа новата сезона во Супер лигата. Крајниот резултат на семафорот беше 30:30 (18:18 на полувремето).

Натпреварот започна со голема иницијатива на гостите, кои во еден момент имаа водство од 5:10, што беше и аларм за будење на прилепчани, кои со серија од 8:3 се вратија во натпреварот. До крајот на полувремето, како и до крајот на целиот натпревар главно се играше гол за гол, се до конечните 30:30.

Кај домаќините најдобар беше капитенот Христи Бикоски, кој постигна 6 погодоци, а го следеа Пеце Ратајковски и Томислав Квастек со по 5.

Кај гостите Александар Василевски дури 10 пати ја наоѓаше мрежата на прилепчани.

Она што загрижува е фактот дека и оваа сезона ракометарите на РК Прилеп ја започнаа во училишна сала, и се’ уште чекаат на враќање во домот на ракометот – Универзалната сала.

Во наредното коло прилепчани му гостуваат на Куманово.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.