Македонскиот фудбалски репрезентативец и досегашен капитен на италијански Палермо, Илија Несторовски, донел одлука каде ќе ја продолжи својата кариера.
Според италијанските медиуми, следна дестинација на Нестор-гол ќе биде Удинезе, а според истите извори, Несторовски одбил повеќе понуди за да го засили клубот од Удине.
Со ова, Несторовски по две години ќе се врати во Серија А, откако изминативе две сезони со Палермо ги мина во Серија Б и имаше два неуспешни обиди за враќање во елитата.
Официјализацијата на трансферот се очекува во следните неколку дена, а Несторовски го избрал Удинезе покрај понудите од Црвена Звезда, Болоња, Торино, Џенова, Сасуоло, Олимпијакос.