Прилепската болница во Новата година ќе вработи 70 лица, од кои 20 лекари

Во новата 20024 година според планот на Министерстрвото за здравство и Владата во ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Прилеп планирано е вработување на 70-тина од досега работно ангажираниот персонал со договор на дело, од кои 20 лекари, со што трајно би се решил статусот на овие вработени, а од друга страна би се подобрила екипираноста на институцијата во интерес на поквалитетна услуга за пациентите – информираше директорката на прилепската болница “Борка Талески”, Кети Смилеска.

Смилеска на прес конференција наброи и кои проекти биле реализирани во болницата во изминатиот период.

-Новина во оваа 2023 година е и новиот кабинет на нашиот ценет нов субспецијалист ендокринолог Др Катерина Маркушоска Чешлароска – со сите здравствени проблеми од ендокринологија за граѓаните да не патуваат во Битола или Скопје и се изложуваат на непотребни трошоци за болестите на тиреоидеа, лабораториски испитувања ,третман и лекување на истата!

Комплетно нов лик на инфективното одделение, зафати на негово целосно реновирање кои се случуваат првпат по неговата изградба, а беа толку неопходни во овој пост ковид период кој остана зад нас а во кој голем број наши сограѓани без згрижени во болничките соби на ова одделение
Набавени се 6 нови пациент монитори – PROVIEW 12 (од германскиот производител medical ECONET) за потребите на Службата за анестезија, реанимација и интензивно лекување а со цел добра проценка на здравствената состојба кај тешко болни пациенти преку континуиран надзор над виталните функции, кои што се следат преку пациент монитори.Во ова одделение исто така набавен е и видео ларингоскоп, значаен за современите лекарски процедури.

ЈЗУ Општа болница со проширена дејност од сопствени средства набави ЦТГ апарат и пациент монитор за потребите на акушерското одделение – од фирмата “Еконет“. ЦТГ апаратот ќе го подобри мониторирањето на бебињата и контрактилноста на матката кај родилките. Пациент мониторот на акушерското одделение ќе го подобри интензивирањето во мониторингот на пациентките сместени на одделението, особено во следење на нивната состојба по анестезирањето при породувањето,

За потребите на болничката лабораторија набавени се два современи апарати од светскиот лидер во производство на апарати за лабораториска дијагностика “Biomerieux“ од САД. Станува збор за апаратите Bact Alert 3D и Biofire Torch. Со набавката на оваа најсовремена опрема – ова автоматизирано решение и технологија Multiplex Nestet PCR, се овозможува навремено откривање на причинителите и одредување на гените на антимикробна резистенција, со што се овозможува брзо, навремено и точно третирање на пациентите со таргетирана терапија.

Во ортопедско трауматолошкото одделение по подолго време е имплантирана тотална протеза на колено на пациент во нашата болница. Со оваа метода на операција на гонартроза им се излегува во пресрет на пациентите од регионов и за оваа метода на имплантација на вештачко колено да не патуваат во други болниците. Новите методи отвораат перспектива на младите лекари да се усовршуваат и во иднина да се стават во функција на болницата и пациенти кои би добиле најквалитетни услуги.

Со помош на нашиот традиционален соработник општествено одговорната компанија Гентерм – за одделението за уво нос и грло набавен е апарат за скрининг за контрола на наглувост на сите новороденчиња .

Таа зборуваше и за плановите во иднина, при што како приоритети ги нагласи:

-Комплетно реновирање на котларата со што ќе се осовремени и унапреди процесот на затополување на болничките одделенија;
-Партерно современо уредување на дворното место на ЈЗУ Општа болница;
-За потребите на очното одделение во план е набавка на нова офталмолошка опрема за извршување на современата ФАКО метода;
-Во тек е постапка за набавка на најсовремена нова опрема за Болничката лабораторија со кои ќе се забрзат и олеснат анализите на сите земени примероци;
-Очекуваме скорешна набавка на ново современо возило за Службата за итна медицинска помош;
-Во новата 2024-та година планирано е комплетно реновирање и набавка на нова опрема и апарати во болничката кујна и пералната;…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.