Прилепска Витаминка со нови уникатни и забавни стикери за Вибер: Еве како да дојдете до нив!

StobiFlips_ViberStickers

Прилепска Витаминка создаде свои Viberстикери за брендовитеСтобиФлипс и ЧокоСтобиФлипс. Вкупно 29те стикери изразуваат различни забавни и емотивни ситуации кои што можат да се употребуваат во секојдневната комуникација на корисниците без разлика на возраста и стилот на комуницирање. Со ова, најпознатиот македонски бренд стана достапен и активен и во виралната сфера.

Секогаш се стремиме кон следење на трендовите и навиките на корисниците, посебно во воспоставување на интерактивен однос со сите групи потрошувачи. Затоа, насоката по која ги развиваме нашите брендови кореспондира и со потрошувачите, но и со самиот идентитет на брендот и неговите особености. Така, ова е нова и следна фаза во растење и развивање на двата бренда. СтобиФлипс и ЧокоСтобиФлипсстикерите ги создадовме со една вообичаена и често користена комуникација, прилагодена на наш јазик, форми на поздравување и општење што се вклопува во секојдневието, но истовремено дава една забавна и интересна нота“, изјави Владимир Трпаноски, Комерцијален директор на Витаминка.

Со создавањето на свои Viberстикери,Витаминка стана една од неколкуте македонски компании што имаат јазично – локални релевантни стикери. Како интересен, динамичен и над сèкреативен начин за комуницирање,Viberстикерите сè повеќе се користат и надвор од границите на пријателската комуникација.

Viber опцијата е една од најпопуларните мрежи за комуницирање во Македонија и има голем број локални корисници коишто секојдневно испраќаат текстуални пораки и телефонски разговараат со пријателите.На глобално ниво, минатата година биле споделени 26 милијарди стикери помеѓу корисниците на Viber во целиот свет. Тие се доста видливи, интерактивни и популарни, особено помеѓу помладата публика која што често ги користи како замена за популарни фрази но и забавна комуникација.

29те ViberСтобиФлипс и ЧокоСтобиФлипсстикери достапни се за спуштање на следниот линк: http://stickers.viber.com/pages/stobiflips_mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.