Монофрафијата „Милениумско пулсирање 1014-2014“ денеска беше испромовирана во својата печатена форма. Во период од 1000 години, научно разработен од речиси сите аспекти на општественото живеење е темата на оваа монографија, која документирано го потврди милениумското постоење на градот под Марковите Кули откако во 1014-тата за прв пат официјално бил спомнат под името „Прилепон” во списите на византискиот историчар Јован Скилица. На 600 страници опфатени се сите периоди од развојот на градот од сите аспекти: Средновековието, Османлискиот период, Балканските војни, двете светски војни, периодот од ослободувањето до денес. Во монографијата се сите значајни настани и личности кои оставиле белег не само во опастанокот и развојот на градот, на регионот, туку и на целата земја на политички, економски, социолошки и културен план. Монографијата „Милениумско пулсирање 1014-2014“, не е само од големо значење за градот и за околината, туку е богатство за целата земја, за идните генерации Со оваа публикација, Прилеп ги заокружува одбележувањата по повод 1000-годишниот роденден.