Прилеп треба да се гордее со вакви генијалци: Гимназијалецот Благој Рујаноски Стојаноски освои нови две први места

На 22 март 2025 година, на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), се одржа Државниот натпревар по информатика за ученици од средните училишта во Македонија.

Ученикот во трета година oд гимназијата “Мирче Ацев” Прилеп, Благој Рујаноски Стојановски, го освои ПРВОТО МЕСТО.

Ментор на Благој му беше професорката по информатика Анета Стојческа.

Исто така, на 16. и 17. април 2025, на ФИНКИ, се одржа Македонската Олимпијада по Информатика. На Олимпијадата учествуваа 20-те најдобри средношколци информатичари од цела Македонија меѓу кои беше и Благој. Натпреварот се одвиваше во 2 натпреварувачки дена. Првиот ден се состоеше од 3 задачи со дадени 4h за решавање, додека вториот ден повторно 3 задачи со 4.5h време за решавање. Крајниот резултат претставува збир од двата дена.

Со постигнатиот резултат, Благој го освои ЗЛАТНИОТ МЕДАЛ.

Овој успех на Благој му овозможи да влезе во тесниот круг на ученици кои по селекционите натпревари ќе го сочинуваат тимот кој ќе ја претставува Македонија на Балканската и Светската Олимпијада по Информатика.

Со освоени први места на двата натпревари, Благој Рујаноски Стојановски го потврди својот талент и посветеност и претставува голем потенцијал во полето на компјутерските науки.

Благој веќе три години наназад постигнува високи резултати собирајќи ги наградите и медалите на натпреварите по информатика. Му посакуваме успех на престојните натпревари.

СЕКОЈА ЧЕСТ!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.