На денешната прес конференција во Општина Прилеп, Татијана Станимировиќ од Центарот за јавно здравје, истакна дека во изминатото деноноќие во Прилеп се дијагностицирани нови 11 случаи со коронавиpyc.
„Во моментот денес во инфективното одделение има 18 хоспитализирани лица, 15 со потврден Koвид, додека 5 се сомнителни. Земени им се материјали и за нив се чекаат резултати. Во однос на медицинските работници, здравствените работници, во споредба со другите податоци за другите градоби, кај нас навистина не е голем бројот на инфицирани здравствени работници. Осум се досега вкупно заболени, додека под здравствен надзор се ставени 30. На некои здравствениот надзор, односно оној период од 14 дена во самоизолација е поминат, останатите кои се сеуште во здраствен надзор ќе бидат тестирани. Во текот на изминатите два дена тестиравме здравствени работници од Итната медицинска помош и од интерното одделение, додека до крајот на неделата планираме останатите здравствени работници на кои надзорот им истекува за овие три дена, тоа се тројца здравствени работници од интерното одделение и имаме 7 од одделението за дијализа“, истакна Станимировиќ.