Со значително зголемено присуство на полицијата и со исклучително строги безбедносни мерки, но и невообичаено силни легитимирања и ограничувања дури и за новинарите, тричлената владина делегација, предводена од вице-премиерот Фатмир Битиќи, денеска во Прилеп, за Денот на народното востание, празнично дистанцирана од народот. Групи од граѓани, па дури и потомци на загинати борци, беа спречени да оддадат почит на хероите, иако регуларно и навремено биле најавени – објави “АЛФА ТВ”
„Цел автобус носам, 50 души, не мораше сите 50 души, ама 4-5 души можеше да не уфрлат во делегацијата и ние да положиме цвеќе. А не овие стари луѓе што се сите над 85 години да чекаат цел саат и пол. На што личи ова? А ние сме дошле од Скопје. Синоќа во 21.30 ч. ми се јавија и ми викаат – не може, од Внатрешни наредиле да не може со делегацијата, туку да чекаме долу“, – револтирано кажа Павлина Ристевска, претседателка на ОО на СБМ, о. Кисела Вода.
Според информациите до кои дојде Алфа од свои извори, ваквите строги безбедносни мерки, а на кои од МВР интрнзивно работеле цела претходна недела, најверојатно биле резултат на стравот од рекциите на граѓаните заради актуелните политичко-економски состојби во земјава, а какви што имаше и во претходниве неколку години.
Каролина Дурло