Под мотото ,,Прилеп – Борец, херој, хуманитарец”, денес во градот под Марковите Кули започнаа активностите и настаните за одбележување на 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп.
Пред Градскиот Саат концерт имаа најпознатите прилепски рокери од бендот THE HOUNDS, а со цел поддршка на лицата заболени од цистична фиброза.
Голем број прилепчани се забавуваа и уживаа во топлото ноемвриско сонце.
Програмата за одбележување на 3-ти Ноември продолжува вечерва, со традиционалниот годишен концерт на КУД “Мирче Ацев”, кој започнува во 19ч. во Домот на културата “Марко Цепенков”.