Прилеп обединет за нови избори и за расчистување со предавниците на сопствениот народ (ФОТО/ВИДЕО)

BeFunky Collage

Прилеп и прилепчани обединети и со една идеја, нови парламентарни избори, за крај на политичката криза во Македонија и шанса граѓаните да се изјаснат за или против платформата од Тирана.

Веќе 58 дена траат протестите “За заедничка Македонија” и во градот под “Марковите Кули”, каде поддршката за оваа граѓанска иницијатива е една од најмасовните.

18143097_10210716266317206_1482259805_n

18142954_10210716265877195_593098346_n

Граѓаните не се откажуваат од идејата за спречување на продажбата на националните интереси и државните симболи и секоја вечер жестоко се спротивставуваат кон предавниците на сопствениот народ, како што ги нарекуваат прилепчани првите луѓе на СДСМ.

18142907_10211072145351015_938131067_n

 

18136984_10211072145951030_681448787_n

18110838_10211072145551020_600848681_n

18110483_10211072146071033_223894140_n

Прилепчани вечерва громогласно го поздравија Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов и му честитаа за наградата  „Неговата Светост Патријарх Московски и на цела Русија Алексеј Втори“ која ќе му ја додели лично Патријархот на Руската православна црква, г.г. Кирил.

Пред граѓаните вечерва се обрати Д-р Јово Бурнески, кој преку патриотски говор пренесе моќни пораки до илјадниците прилепчани.

Протестите “За заедничка Македонија” во Прилеп продолжуваат и утре, со почеток од 19 часот пред хотелот “Липа”.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.