Ќе се гради ултра модерна и луксузна приватна болница во Прилеп. Објектот ќе се простира на површина од 1.500 м/2 и ќе биде на два спрата.
Проектот чија изградба треба да започне во септември предвидува ангажирање на врвни доктори од Прилеп и од останатите градови, кои ќе работат во амбулантите за стоматологија, педијатрија и гинекологија.
Покрај тоа во објектот предвиден е и дневен престој за деца, како и ангажирање на стручен кадар за таа намена.
Инвеститорот е од нашиот град, а наскоро ќе следуваат детали за овој нов објект кој значително ќе ја подобри здравствената заштита на населението во Прилеп и регионот.