Утре, (среда) 27.04.2016г. во 19:00 часот, по 23-ти пат ќе се вози низ улиците на Прилеп во организација на градската иницијатива “Прилеп на точак”.
Овој пат акцентот е ставен на осветлувањето на велосипедите. Во вечерните часови секогаш има велосипедисти кои возат неосветлени, а со тоа го загрозуваат својот и животот на останатите учесници во сообраќајот.
“Прилеп На Точак” е градска иницијатива, која постои скоро две години и која има за цел подигање на јавната свест на љубителите на велосипедизмот, возачи, пешаците, децата, родителите, јавните институции и сите други во Прилеп, за користењето на точакот како урбано, модерно и еколошко превозно средство.
Почетокот на турата е закажан од споменикот на Александар Македонски во центарот на градот.