Триесет и седумгодишен маж синоќа бил нападнат со метални шипки во Прилеп, при што добил тешки телесни повреди.
На улицата „Беровска“ во Прилеп, синоќа околу 20 часот, 37-годишниот О.А. се движел со своето патничко возило „Лада“ со битолски регистарски ознаки и притоа намерно бил удрен во левото предно крило од патничко возило „даеву рејсер“ со прилепски регистарски ознаки кое го управувал 28-годишниот А.С.
Веднаш потоа од возилото излегол А.С., двајца негови братучеди и неговиот зет, кои со метални шипки почнале да удираат по предната лева врата на „ладата“ при што го скршиле стаклото.
О.А. излегол од возилото, а напаѓачите почнале да го удираат со шипки во пределот на главата и телото. Кога паднал на земја тие со возилото го напуштиле местото на настанот. На повредениот О.А. му била укажана медицинска помош во Градска болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Полицијата презема мерки за обезбедување на сите инволвирани лица во настанот, по што, по целосно расчистување и документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.