ПРИЛЕП МОБИЛИЗИРАН ЗА ПРОТЕСТОТ ПРЕД ВЛАДА: Тргнување во 16:30ч пред “Марко Цепенков”

Oпштинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп најавува целосна мобилизација за утрешниот протестен собир пред Владата на Репбублика Македонија, кој партијата го организира после една година откако власта ја презеде СДСМ.

Протестот ќе се одржи утре, 06.02.2018 со почеток од 20:00 часот, а тргнувањето од Прилеп е во 16:30 часот пред Центарот за култура “Марко Цепенков” – информираат од партијата.

Прилепчани дадоа огромна поддршка кога во средата на прва средба со нив дојде и лидерот на партијата Христијан Мицкоски, кој ги повика што помасовно да излезат и да се каже стоп на погрешните политики кои ги води оваа влада, а кои резултираа со распродавање на националните интереси, крахирање на економијата, немање на инвестиции….




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.