Младите пијанисти од Прилеп, Арсениј Ангелески и Анастасија Петреска по којзнае кој пат докажаа со каков музички талент располагаат.
На Интернационалниот натпревар “Моцарт” во Хрватска, кој се одржа онлајн, Арсениј и Анастасија освоија први места во своите категории.
На натпреварот учествуваа 201 пијанисти од 33 земји ширум светот, а жирито го сочинуваат еминентни педагози и пијанисти од Хрватска, Црна Гора, Русија, Македонија и Германија.
Арсениј во категоријата 7 освои 96 поени, а Анастасија во 6 категорија доби 94.
Во продолжение слушнете ги нивните прекрасни настапи: