Прилеп има европска бронза: По стапките на својот татко, младиот Матеј почна да ја освојува Европа (Видео)

Младиот прилепчанец Матеј Белистојаноски го освои бронзениот медал во борби на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21, кое се одржа во финскиот град Тампере.

Извонредниот прилепчанец покажува дека ги следи стапките на својот тренер и татко, Петар Белистојаноски, кој беше спортист на Македонија во 1994 година.

Во борбата за бронза, Матеј не му дозволи ниту еден поен на неговиот противник од Белорусија, Максим Каширски и со 9:0 стигна до овој голем успех.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.